Милан Ристовски со седми гол сезонава за нова победа на Спартак Трнава

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски го запиша и седмиот погодок сезонава во дресот на Спартак Трнава, во новата победа на својот тим овој пат од 0-3 на гостински терен против Липтовски Микулаш.

Ристовски погоди во 73. минута од средбата за водство од 0-2 во тие моменти, откако претходно во 64. минута не успеа да реализира од пенал. Сепак, потоа беше стрелец од игра.

Спартак Трнава ја бие битката за шампионската титула со Слован Братислава. Во моментов е на втората позиција на табелата со три бода заостанување зад водечкиот Слован.

Се вчитува...