Милан Ристовски во јануари ја напушта Спартак Трнава

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на словачкиот прволигаш Спартак Трнава, пренесуваат словачките медиуми.

Ристовски сезонава не добива вистинска шанса во Спартак Трнава. Вистината е дека е во комбинација за настап на речиси секој натпревар, со одиграни 13 натпревари во шампионатот досега, но со само 479 добиени минути. Сето тоа се рефлектира и на ефектот на терен со постигнат само еден погодок низ досегашниот тек од првенството.

Како што пренесуваат Словаците, токму поради незадоволството од третманот во клубот се очекува да ја промени клупската средина.

Милан Ристовски, кој потекнува од младинската школа на Работнички, претходно во својата кариера има настапи и за хрватска Ријека, словенечко Кршко, како и Нитра во словачкиот шампионат.

Се вчитува...