Милан Ристовски во топ форма – повторно ја затресе мрежата во Словачка

Македонскиот интернационалец Милан Ристовски продолжува со одличните настапи во словачкото првенство. Откако во претходното коло забележа две асистенции со кои се најде и во тимот на колото, овој пат ја затресе мрежата.

Македонецот донесе предност за Спартак Трнава на гостувањето кај Трнчин откако во 27. минута на асистенција на Ерик Даниел го совлада противничкиот голман Кукучка.

Тоа е трет гол за македонскиот голгетер во деветтиот натпревар за Спартак Трнава во словачкото првенство.

Се вчитува...