Милан рутински против Болоња (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан стигнаа до рутински триумф на домашен терен над Болоња со 2-0 во натпревар од 3. коло во италијанската Серија А. По еден погодок во двете полувремиња беше доволно за втор триумф на „росонерите“.

Милан поведе со 1-0 со голот на Леао во 21. минута на асистенција на најновата аквизиција на клубот, Де Кетелар. Конечните 2-0 ги постави Оливие Жиру во 58. минута.

Во вториот натпревар од вечерашната понуда Специја и Сасуоло изиграа без победник 2-2.

 

Се вчитува...