Милан се фокусира на Фекир

Италијанскиот калчолигаш Милан се интересира за офанзивниот играч за врска на Лион, Набил Фекир. Новата раководна гарнитура претставувана од тандемот Паоло Малдини – Звонимир Бобан сака да доведе неколку квалитетни засилувања во летниот преоден рок, а една од желбите на новиот тренер Марко Џампаоло е токму Фекир. За него „росонерите“ се подготвени да платат 40 милиони евра.

Фекир е на листата на желби и на европскиот првак Ливерпул, но преговорите одат бавно откако минатата сезона неговиот трансфер на „Енфилд Роуд“ пропадна поради одолговлекување на медицинските прегледи.

Милан е заинтересиран за левиот бек Тео Хернандез.

 

.

Се вчитува...