Милан се ослободува од „вишокот“, Густаво Гомез на позајмица во Бока јуниорс

Дефанзивецот на Милан, Густаво Гомез е првиот играч кој го напушта калчолигашот во зимскиот преоден рок, Бока јуниорс ги договори условите за позајмување на фудбалерот. Гомез во следните 18 месеци ќе биде позајмен на аргентинскиот гигант, како компензација ќе исплатат 500.000 евра, додека ќе исплатат дополнителни пет милиони евра за да го откупат играчот.

Парагвајскиот дефанзивец кој во редовите на Милан пристигна за 8.5 милиони евра од Ланус пред почетокот на минатата сезона е тотално заборавен од Гатузо, претходно и од Монтела, сезонава одигра само 10 минути за „росонерите“ во Лигата на Европа, и тоа во победата од 5-1против Австрија Виена. Во обид да си ја спаси кариерата, 24-годишниот одбранбен играч се враќа во аргентинската лига во потрага по минутажа.

За Бока јунирос ова е второ засилување откако во екипата се врати Карлос Тевез.

Се вчитува...