Милан се „сопна“ и на Лече… (ВИДЕО)

Продолжува очајниот старт на сезоната на Милан во Серија А, ремизирајќи 2-2 со Лече во 8. коло. Триумфот пред своите навивачи го загубија во 92. минута кога Калдерони постигна гол за израмнување и бод за Лече.

Претходно, „миланезите“ под водство на новиот тренер дојдоа до предност со голот на Чалханоглу во 20. минута, но гостите преку Бабакар успеаја да израмнат во 63. минута, корегирајќи ја грешката по претходно нереализираниот пенал.

Кога се чинеше дека како така ќе има триумф за Милан по голот на Полјакот Пјонтек во 81. минута, на крајот во 92. минута следеше уште еден шок за тимот од Милано.


Се вчитува...