Милан сериозно „гризе“ за Елиф Елмас, Наполи бара 35 милиони евра

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е прва трансферна цел на Милан, за јунскиот преоден рок, пренесуваат дел од италијанските медиуми.

Квалитетната сезона на Елмас во Наполи веќе активира погледи на голем дел од клубовите во Италија, меѓу кои сега се издвојува Милан.

„На врвот на трансферните цели во бележникот на Паоло Малдини е Елиф Елмас, талентираниот играч за врска кој е дел од Наполи на Лучијано Спалети. Играч со бесконечен потенцијал, способен да игра по целата линија од средниот ред, кој не презира, со добра индивидуална техника која му овозможува лесно дриблинзи и игри со противникот“ – пишува италијански „Калчомеркато“, притоа дополнувајќи:

„Милан веќе и сериозно собира информации за македонскиот репрезентативец кој неодамна го продолжи договорот до 30. јуни 2025 година за 1,5 милиони евра по сезона. Спортскиот директор на ‘наполитанците’ за услугите на Елмас бара околу 35 милиони евра, бројка што е секако висока за касата на ‘росонерите’ кои планираат договор со позајмица на Елиф со право на откуп“ – дополнува „Калчомеркато“.

Но, сериозен интерес за ангажман на македонскиот репрезентативец има и од Интер, кој се спомнуваше и како можен негов иден клуб пред да се пресели во Наполи.

Се вчитува...