Само што стана јасно дека Милан нема никакви шанси да го задржи Мајк Мењон, кој кариерата ќе ја продолжи во Челси, екипата на „росонерите“ најде негова замена. Мењон заминува на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер од 18 милиони евра, откако францускиот голман и сегашниот негов клуб не успеаја да се договорат за нов договор.
Мењон во Милан ќе го менува Вања Милинковиќ-Савиќ, сегашниот голман на Торино, кој беше посакуван и од Манчестер Јунајтед за замена за Онана, како и од Манчестер Сити. Сепак, Србинот ќе продолжи да настапува во Италија.
Со Милинкови-Савиќ почнува градењето на новиот Милан, кој ќе биде предводен одново од Масимилијано Алегри, и кој ќе треба да ја врати старата слава, односно да се бори за титула во Италија, како и за успех во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА