Милан со лекција за Јуве: Два феноменални гола на Диаз и Ребиќ (ВИДЕО)

Милан му одржи вистинска лекција на Јувентус во 35. коло од Серија А, триумфирајќи на гостувањето во Торино убедливо со 0-3.

Извонредна партија на „миланезите“ кои чекорат кон место во Лигата на шампионите. Резултатот го отворија по киксот на Шчесни и мајсторскиот погодок на Диаз во 45. минута.

Во второто полувреме, откако Кејси во 58. минута не реализираше и пенал за Милан, веќе во 78. минута нов феноменален погодок, овој пат на Ребиќ за водство и од 0-2.

Во 82. минута, Томори ги постави конечните 0-3.

 

Се вчитува...