Милан со „минималец“ до триумф над Верона (ВИДЕО)

Милан направи голем чекор во битката за Лигата на шампионите, откако го совлада тимот на Верона со 0-1, и така ја прекина серијата од два порази по ред. Сега тимот на „росонерите“ се искачи на втората позиција, после поразот на Наполи.

Милан стигна до победата благодарение на голот на Рабио во 41. минута. Играчот од средниот ред доби топка од Леао и излезе сам пред голот, со што имаше мирна реализација. 

Верона имаше шанси во вториот дел да дојде до израмнување, но беа непрецизни. Во финишот на првото полувреме Белгали имаше прилика, Мањан одбрани. Милан можеше да даде уште еден гол преку Салемакерс, меѓутоа одбраната на Верона интервенираше од самата гол линија.

Се вчитува...