Милан со ослабена одбрана патува во Мадрид – Ибра и компанија пред голем предизвик во ЛШ

Фудбалерот на Милан, Фикајо Томори, најверојатно нема да настапи на натпреварот од петтото коло од групата Б во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид поради повреда на колкот, откако медицинскиот тим соопшти дека повредата воопшто не е наивна.

Англискиот дефанзивец не играше во саботата против Фиорентина (3-4), во првиот пораз на неговиот тим во Серија А оваа сезона. Томори досега одигра 12 од 13 натпревари во Серија А, а ги одигра сите четири натпревари во Лигата на шампионите.

Милан по четири кола е на последното место во групата Б од Лигата на шампионите со само еден бод, а во случај на пораз во Мадрид би испаднал од елитното натпреварување. Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Милан е закажан за в среда од 21 часот.

.

Се вчитува...