Милан со „петарда“ против Фиорентина се избори за Лига Европа

Милан со убедлива победа од 5-1 против Фиорентина се избори за настап директно во групите од Лигата на Европа следната сезона.

„Миланезите“ по триумфот стигнаа до шестата позиција на табелата која води во Лигата на Европа, додека Аталанта остана на седмото место, по поразот од Каљари, па ќе игра во квалификациите за ЛЕ.

Триумфот на Милан следеше по пресврт, откако гостите први поведоа со голот на Симеоне. Но, потоа Чалханоглу и Кутроне за пресврт на домашните уште пред полувремето.

Во вториот дел за конечен триумф од 5-1 стрелаа уште Калиниќ, Кутроне и Бонавентура.

Серија А од следната сезона ја напуштаат Кротоне, Верона и Беневенто.

РЕЗУЛТАТИ – 38. КОЛО

Милан – Фиорентина 5-1

Каљари – Аталанта 1-0

Киево – Беневенто 1-0

Наполи – Кротоне 2-1

СПАЛ – Сампдорија 3-1

Удинезе – Болоња 1-0

Лацио – Интер (20:45 ч.)

Сасуоло – Рома (20:45 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...