Милан со победа стави печат на бледата сезона

Фудбалерите на Милан триумфално ја завршија оваа сезона славејќи во последното коло над Монца со 2-0, триумф што воопшто не го поправа впечатокот по потпросечната сезона што ја имаа „росонерите“ во измиинатите месеци.

Навивачите пред натпреварот гласно го искажаа незадоволството од управата на клубот, а фудбалерите на теренот се мачеа да го скршат отпорот на убедливо најслабиот тим во Серија А.

Првото полувреме заврши без погодоци, Монца дури имаше и еден поништен гол поради офсајд, за Милан во вториот дел конечно да успее да го скрши отпорот на гостите.

Дефанзивецот Габија беше стрелец на првиот гол за „росонерите“, додека на 2-0 од слободен удар зголеми Жоао Феликс, кој успеа да се запише меѓу стрелците на својот последен меч во дресот на Милан.

Се вчитува...