Милан со понуда за Игуаин, со него останува и Бонучи

Милан планира да тргне сериозно во потрага по врвни засилувања, а на врвот од листата со желби на новиот директор Леонардо се наоѓа Гонзало Игуаин.

Аргентинецот дефинитивно заминува од Јувентус по доаѓањето на Кристијано Роналдо, се чинеше дека трансферот во Челси е комплетиран, но Роман Абрамович тактизира во преговорите, не согласувајќи се да плати 60 милиони евра колку што бара италијанскиот првак.

Милан има 150 милиони за трошење, а Леонардо е подготвен да издвои 60 милиони за Игуаин, за носење на врвен играч, но и потенцирање на амбициозноста на „росонерите“ по ланската разочарувачка сезона. Италијанските медиуми тврдат дека со тоа би се премислил и Бонучи на останување, па јасно е зошто „росонерите“ ќе сторат се за да му ја замрсат работата на Челси и во Аргентинецот да го добијат првото големо засилување.

Доколку не успеат во својата намера, како резервна варијанта се споменуваат имињата на Карим Бензема и Андреа Белоти.

Се вчитува...