Милан со пресврт до триумф, Џенова промаши пенал за бод во 93. минута

Конечно по три едноподруго порази, Милан стигна до триумф во Серија А славејќи во 7. коло на гостувањето против Џенова со 1-2.

„Миланезите“ до триумфот дојдоа со пресврт откако домашните по првото полувреме имаа предност од 1-0 со голот на Шоне во 41. минута. Во второто полувреме најпрво Хернандез израмни во 52. минута, а победата за „црвено-црните“ ја донесе Кеси од пенал во 57. минута.

Џенова имаше можност за бод, но во 93. минута Ласе Шоне не успеа да реализира удар од белата точка за домашните.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра последните минути на дуелот, влегувајќи во игра во 88. минута од средбата.

Се вчитува...