Милан со сите сили тргнува по потписот на Ренато Санчез

И покрај силната конкуренција од ПСЖ, Милан се уште не се откажува од можноста да го ангажира португалскиот играч за врска Ренато Санчез.

Според „Газета дело Спорт“, „светците“ не се сигурни во негов ангажман бидејќи го купија Витињо и имаат многу играчи за врска, па сакаат прво да се ослободат од неколку фудбалери.

Таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Милан, кој повторно ги обновил преговорите со агентот на Ренато Санчез.

Милан веќе има комплетен договор со Лил, а сега ја подобрил понудата за Санчез и се надева дека ќе го комплетира трансферот.

 

 

 

Се вчитува...