Милан Стојановски е нов тренер на Пелистер

Поранешниот македонски репрезентативец Милан Стојановски е изборот на управата на Пелистер за нов тренер на битолскиот клуб, откако „зелено-белите“ експресно ја завршија потрагата по наследник на Капинкоски.

Во игра беа неколку имиња, но изборот на крајот падна врз Стојановски, кој како играч имаше 26 настапи за македонскиот национален тим. Стојановски е роден и израснат во Србија, но неговиот татко по потекло е од Македонија. Преземањето на Пелистер ќе биде негов прв тренерски ангажман во мак-фудбалот откако претходно работеше во српските клубови ИМТ, Телеоптик…

Пелистер моментно се наоѓа на 10. место со само седум освоени бода по првите девет рунди. Стојановски ќе дебитира на клупата на битолчани веднаш по репрезентативната пауза, на гостувањето против Силекс во Кратово.

Се вчитува...