Пелистер денеска од 12:30 часот во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига во Битола ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.
Јасно е дека битолчани ги посакуваат три бода од дуелот, иако тренерот Милан Стојановски посочува дека мора внимателно да се пристапи на натпреварот со максимална сериозност на теренот.
„Добро работевме изминатиот период, тимот се стабилизира по промените извесните промени оваа есен и сигурно веруваме во комплетна резултатска и играчка рехабилитација до крајот на полусезоната. Не потценуваме ниту преценуваме било каков противник, а единствено што ме интересира сигурно е играта само на мојот тим. И на дуелот со Македонија ЃП се ќе зависи од нашата игра“ – вели меѓу другото Милан Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

