Милан тргна по уште едно засилување

Откако го обезбедија трансферот на новата бразилска ѕвезда, Лукаш Пакета, во Милан тргнаа по уште едно засилување во средниот ред.  „Росонерите“ во својот тим сега сакаат да го донесат од Барселона младиот шпански фудбалер, Денис Суарез.

Легендите на Милан, Леонардо и Малдини, сакаат клубот да напредува и работата на тоа да го вратат на старите патеки, а ангажманот на Суарез би бил следниот чекор во таа насока. Во реализацијата на трансферот засега најголема пречка е високото обесштетување што го бара Барселона. Од „Кам Ноу“ поставија нереална цена од 40 милиони евра за Суарез да може да го напушти клубот.

Милан засега не е подготвен да издвои толку пари за нов играч, но очекуваат работите да се сменат до јануарскиот преоден рок и Барса да ја спушти цената.

Денис Суарез (24) во Барселона стигна во 2016 година, а Вилјареал тогаш доби само 3,5 милиони евра за овон играч. Шпенаецот не е задоволен со минутажата што ја има во Барса и според најавите, во јануари најверојатно ќе ја промени средината, а Милан е една од опциите за неговиот следен ангажман.

Се вчитува...