Милан триумфално против Каљари!

По минималниот триумф против Кротоне во претходното коло, Милан дојде до нова победа во 21. коло од Серија А славејќи со 1-2 на гостувањето против Каљари.

„Миланезите“ триумфот го обезбедија уште во првото полувреме со двата гола на репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Франк Кеси во 36. и во 42. минута од средбата.

Претходно, домашните дојдоа до предност од 1-0 со голот на Барела во 8. минута.

Тензичниот натпревар кулминираше во финишот кога двата тима останаа со играч помалку. Најпрво во 80. минута беше исклучен Родригез кај Милан, а потоа и стрелецот за Каљари, Барела во 88. минута заработи втор жолт картон.

По оваа победа, Милан со 31 бода се искачи на седмата позиција на табелата, само на два бода од Сампдорија која е на 6. место кое води во Лигата на Европа.

Се вчитува...