Милан триумфално во Болоња… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан ја запишаа шестата победа во 15. коло од Серија А, триумфирајќи со 2-3 на гостувањето против Болоња.

Победата на „миланезите“ ја најави полскиот репрезентативец Пјонтек со голот од пенал во 15. минута.

На 0-2 зголеми Тое Хернандез во 32. минута, а истиот фудбалер си постигна и автогол во 40. минута за намалување на резултатот на 1-2.

Во второто полувреме, Бонавентура во 46. минута зголеми на 1-3, а домаќините во 84. минута само го ублажија поразот со голот на Шансоне од пенал.

Се вчитува...