Милан веќе ја има замената на Стефано Пиоли

Раководството на Милан сериозно размислува за промена на тренерот Стефано Пиоли на крајот на сезоната и доколку тој успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Пиоли долго важеше за херој на „росонерите“ во периодот кога тимот игра одлично иако немаше суперѕвезди (освен Златан Ибрахимовиќ) во своите редови, но во ситуација кога формата се наоѓа во надолна линија вообичаено е тренерот да ја плати цената. Доколку Пиоли си замине од клубот летово, како прв фаворит за негов наследник се споменува Маурицио Сари.

Сари во моментов е без ангажман откако на крајот на минатата сезона замина од Јувентус со кого ја освои титулата во Серија А. Тој во минатиот период преговараше со Рома, но остана со празни раце откако „волчицата“ во последен момент го договори Жозе Мурињо за наследник на Фонсека.

Милан во моментов се наоѓа на четвртото место на првенствената табела кое е последно кое следната сезона води во Лигата на шампионите.

Сари покрај Јувентус претходно ги водеше и калчолигашите Наполи и Емполи, а една година помина и во Премиер-лигата каде беше на чело на Челси.

Се вчитува...