Милан во клучен момент остана без најдобриот фудбалер

Милан се наоѓа во сериозна резултатска криза на домашната сцена, а за проблемите на тренерот Пиоли да станат уште поголеми, тој остана и без помошта на најдобриот фудбалер во екипата, Рафаел Леао. Португалскиот офанзивец поради повреда мораше да биде заменет уште во првото полувреме од гостувањето со Лече, а првите прегледи не донесоа ништо добро за „росонерите“.

Имено, Леао има кинење на мускул од прв степен, за што е препорачана пауза од најмалку 20 дена, која може да биде и значително подолга ако се избрза со враќањето на терен.

Ова практично значи дека Леао по репрезентативната пауза ќе го пропушти дуелот со Фиорентина, како и клучниот меч од Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд. Двата меча се многу важни за тренерот Пиоли, кој се повеќе чувствува притисок и доколку резултатската криза продолжи, овој стратег ќе се соочи со сериозна опасност од отказ.

Леао сезоната настапи на 16 средби за Милан во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи четири гола и четири асистенции.

Се вчитува...