Милан во најсилен состав против Шкендија: Бонучи и Билја ќе бидат регистрирани

Италијанскиот гигант Милан ќе допатува во Скопје на мегдан со Шкендија во најсилен состав, тврди „Кориере дело спорт“. Дотогаш клубот од „Сан Сиро“ ќе успее да ги заокружи и регистрациите на Леонардо Бонучи и Лукаш Билја. Тие не беа дел од тимот на претходниот двомеч од Лигата на Европа против романскиот тим Крајова.

„Бонучи и Билја ќе бидат во составот многу брзо, веќе за квалификациското коло од Лигата на Европа. Навистина ми се смешни некои написи, дека трансферите не можат да бидат исплатени“, изјави Марко Фасоне, директорот на Милан.

„Росонерите“ можат да регистрираат двајца нови играчи за плејоф колото во Лигата на Европа, но ќе треба во италијанската федерација да ги комплетираат целосно трансферите на Леонардо Бонучи од Милан и на Лукаш Билја од Лацио.

Се вчитува...