Милан враќа назад уште еден „заборавен син“

Камбекот на Златан Ибрахимовиќ го врати победничкиот дух во таборот на Милан, па сега управата на „росонерите“ работи напорно на осигурување на потпис на уште еден поранешен фудбалер, кој своевремено важеше за лидер на овој тим.

Станува збор за Тијаго Силва, искусниот дефанзивец кој заедно со Ибрахимовиќ во 2012 година „во пакет“ се пресели во ПСЖ. За разлика од Златан, Бразилецот остана на „Паркот на принцовите“ до ден денеска, но неговиот престој во Париз ќе заврши со крајот на сезонава, откако воопшто не му беше понуден нов договор.

Силва објави дека си заминување, има на маса неколку понуди од татковината, но „росонерите“ се оптимисти дека ќе успеат да го убедат да се врати назад на „Сан Сиро“. На маса ќе има двогодишен договор, но и понуда по завршувањето на кариерата да стане дел од управата на Милан, што сигурно ќе биде интересна опција за овој 35-годишен фудбалер.

Се вчитува...