Милан за малку ќе прокоцкаше три гола предност (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан со 3:2 ја победија Аталанта во натпревар од седмото коло во Серија А.

Малку фалеше „росонерите“ од готово да направат вересија, бидејќи водеа со 3:0, но во финишот гостите пропуштија одлична шанса за израмнување.

Со триумфот, Милан скокна на четвртото место на табелата со 15 бодови, четири помалку од лидерот Интер, додека Аталанта е десетта со девет освоени бодови.

„Росонерите“ одлично го започнаа натпреварот, во 13-та минута поради офдајд беше поништен голот на Пулишиќ, но на полувреме заминаа со предност од два гола. Прво, Гонзало Рамош од пенал го отвори резултатот, а во 43-та минута, Адриен Рабио зголеми на 2:0.

Во вториот дел, Рамош не реализира пенал, но во следниот напад, по корнерот на Рабио, Гила беше највисок во шеснаесетникот на Аталанта и немаше проблеми да ја затресе мрежата. Голот може да го видите ТУКА.

Играчите на Аталанта не се предадоа, и ја вратија неизвесноста во натпреварот. Прво Гаетано во 66-та минута намали на 3:1, а во 81-та минута Крстовиќ погоди за 3:2.

Гостите преку Запакоста имаа одлична шанса да дојдат до израмнување, играчот на Аталанта од десетина метри, откосо шутираше во голманот Мањан.

Се вчитува...