Милан загуби од Бетис, а Бонучи вели: Сега сме подготвени за Шкендија?!

Италијанскиот калчолигаш Милан синоќа одигра пријателски натпревар против шпанскиот тим Бетис во Катанија и загуби со 1-2. Токму затоа е интересен коментарот на новото засилување Леонардо Бонучи, кој ја доби и капитенската лента во составот на „росонерите“ по доаѓањето од Јувентус, дека тимот сега е подготвен за дуелите со Шкенија во Лигата на Европа.

bonucci tviter

„Благодариме за искажаната љубов Катанија. Сега сме подготвени за Шкендија во Лигата на Европа“, напиша Леонардо Бонучи на Твитер.

Веројатно стоперот мислел на подготовката за што и послужил тестот против Бетис. Од резултатот секако не треба да бидат задоволни.

Шкендија на 17 август ќе гостува на „Сан Сиро“ во првиот меч од плејоф колото од Лигата на Европа против Милан, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Скопје, на „Телеком Арена“.

Се вчитува...