Милан застана на патот на Болоња кон ЛШ

Болоња загуби значајни бодови во трката за место во ЛШ за следната сезона откако „болоњезите“ вечерва беа поразени на гостувањето против Милан со 3-1.

Овој меч беше увертира за финалето на Копа Италија во кој ќе се сретнат истите екипи, двајцата тренери решија да одморат по неколку првотимци, а подобро се снајдоа „росонерите“ кои со резултатски пресврт стигнаа до победата.

Првото полувреме мина без преголеми возбудувања, а Болоња прва поведе на самиот старт од второто полувреме преку Орсолини. Консеисао тогаш го уфрли во игра Сантијаго Хименез, а токму Мексиканецот беше човек на одлука, набрзина постигнувајќи го израмнувачкиот погодок.

Кристијан Пулишиќ биеше прецизно за водство на „росонерите“ од 2-1, пред Хименез со својот втор гол на мечот да ги постави конечните 3-1 на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...