Милано ја шокираше Црвена Звезда, Жалгирис ги реши „кралевите“

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија со 67-71 од Милано во 14. коло од Евролигата. Неочекуван пораз на црвено-белите од последнопласираната екипа во европското натпреварување.

Од доаѓањето на Душко Ивановиќ на клупата, Црвена Звезда има врзани дури 10 победи во сите натпреварувања, од кои шест во елитата. Но, ете потклекна пред Милано, па не успеа да ја повтори низата од седум едноподруго победи во елитното натпреварување кое ја реализираа во сезоната 2017/18.

Били Барон со 19 поени беше најефикасен во победничкиот тим на Милано. Филип Петрушев, пак, со 20 поени беше најефикасен кај домашните.

Жалгирис, пак, неочекувано славеше против Реал Мадрид со 81-72 на домашен терен.

Се вчитува...