Милано, Торино и Кортина д’Ампецо со заедничка кандидатура за ЗОИ 2026

Три италијански градови со заедничка кандидатура ќе се борат да ја добијат организацијата на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во 2026 година.

Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) едногласно одлучи  до ИОК да поднесе заедничка кандидатира на Милано, Торино и Кортина д’Ампецо за Олимписки  и Параолимписки игри, се наведува во соопштението од КОНИ.

Покрај трите италијански градови, кандидати за организација на ЗОИ 2026 се уште и Стокхолм, Калгари, Сапоро и Ерзурум.

Домаќинот на Игрите ќе биде избран во октомври 2019 година.

Се вчитува...