Миланската пресметка заврши без голови

„Дерби дела мадонина“, градскиот дуел меѓу Милан и Интер, заврши без голови. Важноста на бодовите го стори своето, и двете екипи имаа свои шанси, а најголемата не ја искористи Мауро Икарди во 56.минута, кога од три метри не успеа да погоди празна мрежа. Во првиот дел, тој ја затресе мрежата, но ВАР – технологијата покажа дека сепак се наоѓал во офсајд ситуација. Во самата завршница, уште еднаш имаше неверојатно добра можност, но задоцни да егзекутира од петерецот, по нафрлувањето од десната страна.

И Милан имаше свои шанси преку Сусо и Кутроне, но ниту „росонерите“ не најдоа начин да го надмудрат Хандановиќ.

На крајот, градските ривали ги поделија бодовите. Интер останува на четвртата позиција со 59 бода, а Милан е шести со 51 бод.

Торино го совлада Кротоне со 4-1, Киево и Сасуоло одиграа 1-1, а Беневенто беше подобар од Верона (3-0).

Се вчитува...