Миланските гиганти во трка за Кевин Стротман

Калчолигашите Интер и Милан влегуваат во трка за потписот на фудбалерот на Олимпик Марсеј, Кевин Стротман, пренесуваат француските медиуми. Стротман во Марсеј пристигна во 2018 година од редовите на Рома за сума од 25 милиони евра.

„Росонерите“ сакаат во своите редови во јануари да донесат искусен фудбалер кој би донел стабилност во средината. Прва цел за Антонио Конте е асот на Барселона, Артуро Видал, но доколку не успее да го донесе на „Џузепе Меаца“ ќе тргне во офанзива по искусниот Холанѓанец.

Стротман за Рома забележа 131 настап во сите натпреварувања во кои постигна 13 гола.

Се вчитува...