Миланско дерби за Филипе Луис

Италијанските калчолигаши Интер и Милан се во трка за ангажман на Филипе Луис, левиот бек на Атлетико Мадрид. 33-годишниот бразилски интернационалец има договор до јуни 2019 година, а клубовите од Милано гледаат одлична можност да добијат искусен и квалитетен фудбалер без отштета.

Атлетико Мадрид на Филипе Луис му предложи нов едногодишен договор, но тој би сакал да ја промени средината, посебно доколку добие подобра понуда и договор за најмалку две сезони. Оваа сезона, тој одигра 17 натпревари во дресот на Атлетико Мадрид, постигна два гола и имаше две асистенции.

Се вчитува...