Миленикот на кумановци од Црна Гора се пресели во Хрватска

Урош Луковиќ долги години беше миленик на навивачите на Кумановo по неколкуте фантастични години во дресот на овој македонски клуб, по што српскиот центар сезоната 2015/16 ја мина во МЗТ Скопје, од каде следеа трансфери во Партизан и во Морнар.

Доминантниот центар кариерата ја продолжува во Хрваска, откако денеска потпиша договор со екипата на Задар. Хрватскиот тим беше во потрага по квалитетно засилување во рекетот, а изборот падна токму врз Луковиќ, кој стави потпис на едногодишниот договор со оваа екипа.

Урош Луковиќ со 239 блокади е втор најдобар блокер во историјата на АБА-лигата. Минатата сезона тој немаше преголема минутажа во Морнар, во просек на теренот минуваше по 12 минути на натпревар во АБА-лигата, притоа реализирајќи 5,3 поени и 4 скокови по натпревар.

Се вчитува...