Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.
Миленкоски се потпира на добро проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот. Седуммина интернационалци браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица 47&72 и Штип УГД, кои се борат за шампионската титула во домашното првенство, а повик добија и двајца одбојкари на Работнички 71&22. За првпат во А селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков.
Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15. мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА