Миленкоски го соопшти конечниот список за ЕП 2026: Со четворица дебитанти денеска за Софија!

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на репрезентативци на селекторот Јошко Миленкоски за престојното Европско првенство 2026.

Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.

Имињата на останатите десетмина во составот се добро познати и во минатото исто така го носеа товарот на големите натпреварувања.

Македонската делегација утринава со автобус патува за Софија, каде од 9 до 16 септември ќе се соочи со домаќинот Бугарија, актуелниот европски правак Полска, Украина, Португалија и Израел во рамките од групата Б.

Се вчитува...