Миленкоски: Сите живееме за ова ЕП, Бугарија е фаворит за медал

Македонските одбојкари максимално подготвени ќе го дочекаат европското првенство што стартува денеска, и тоа со спектакуларен меч во Софија против домаќинот Бугарија.

Јасно е дека Бугарите ќе ја имаат фаворитската улога, но селекторот Миленкоски верува во своите момци, дека ќе се прикажат во посакуваното светло во преполната арена во која се очекуваат 13.000 домашни навивачи.

„На прагот сме на уште едно Европско првенство, четврто по ред. Ги одработивме последните два официјални тренинзи и сме непосредно пред натпреварот со еден од фаворитите во една од најтешките групи/ Импресиите се позитивни и големи. Мислам дека сите живееме за ова ЕП и за првите впечатоци од спектакуларното отворање. Бугарија не е само фаворит во нашата група, туку и на целиот шампионат. За нас ќе биде огромна сатисфакција ако ја одиграме нашата најдобра одбојка. Ако биде така, се разбира дека очекуваме позитивен резултат“, вели селекторот Јошко Миленкоски во пресрет на денешната премиера на ЕП 2026.

Се вчитува...