Миленковиќ донесе победа за Фиорентина против Удинезе, еден час игра за Несторовски

Фиорентина сосема заслужено стигна до триумф против Удинезе во 7. коло од Серија А. „Виолетовите“ славеа со 1-0 пред своите навивачи во меч кој го реши српскиот интернационалец Миленковиќ со гол во 72. минута.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одигра 63 минути на натпреварот кога беше заменет од страна на Ласања. Несторовски во 34. минута постигна и гол, но беше поништен по прегледувањето на ВАР системот поради игра со рака на неговиот соиграч од нападот Окака.

Се вчитува...