Милер го постигна најсмешниот гол во ЛШ и ја испрати Барса со „една нога“ во Лига Европа (ВИДЕО)

Барселона по долги години најверојатно нема да ја помине групната фаза во Лигата на шампионите, откако во моментов се наоѓа во многу тешка ситуација. Каталонците имаат негатива од 2-0 во мечот против Баерн Минхен кој како стојат резултатите во моментов (Бенфика има водство од 2-0 против Динамо Киев) ќе мора да го добијат.

Целата сезона на Барса може да се прикаже со првиот гол кој го примија од Баерн Минхен, а кој беше дело на Томас Милер. Мислам дека одамна во елитното натпреварување немаме видено вака смешен гол.

 

Се вчитува...