Милер грми во Минхен: Што му е на овој Анчелоти?!

Баерн Минхен победува во Бундес-лигата, но се отвори потенцијално жариште во соблекувалната. Томас Милер, детето на клубот и германски репрезентативец, е незадоволен од односот што кон него го има стратегот Анчелоти.

“Не знам што е потребно за да играм кај Анчелоти. Очигледно тој има други планови”, изјави Милер по гостувањето во Бремен на кое тој доби шанса од клупата во завршницата од мечот.

Тренерот Карло Анчелоти сепак се обиде да ја смири ситуацијата објаснувајќи дека сепак се работело за тактички замисли за натпреварот против Вердер.

Се вчитува...