Милер: Леле, колку убаво се забавувавме…

Баерн Минхен ја демолираше Барселона со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а еден од најдобрите во триумфот беше Томас Милер со два гола и една асистенција.

По мечот, легендарниот германски офанзивец тешко одбираше зборови од среќа.

„Тешко е да се објасни точно што се случи. Играме во фантастична форма. Играме во интензитет во кој тешко е да не победите. Навистина многу убаво си се забавувавме денеска. Не е важно кој ни е противник, секако посебно е чувството кога е тоа Барселона но за нас, за да играме добро, тоа не е пресудно. Може само да замислите колку прекрасно се чувствуваме. Но, мора да се смириме и што побрзо регенерираме. Утре е нов ден и мора веднаш да се фокусираме на следниот натпревар. Ние сме тука за да славиме и во финалето од Лигата на шампионите“ – истакна Милер по синоќешниот дуел.

Се вчитува...