Милер: Меси или Роналдо… за мене број 1 е Левандовски

Томас Милер се вклучи во „вечната дебата“ околу тоа дали е подобар Роналдо или Меси, одговарајќи дека за него најдобар светски фудбалер во моментов е соиграчот од Баерн Минхен, Лионел Меси.

„Кој е најдобар? Со кого би сакал да играм? Дали Меси или Роналдо? Пред некоку години можеби ќе одговорев Меси, но за мене сега број 1 е Левандовски. Ние сме среќни што го имаме крај себе во Баерн, мислам дека и какокласичен голгетер е подобар од Роналдо. Имам максимална почит за Меси и за Роналдо, кои во изминатите десетина години редовно даваат по 50 гола секоја сезона, но Левандовски би бил мојот избор“, изјави Милер.

Германскиот ас сезонава постигна седум погодоци, но има и дури 18 асистенции до соиграчите, со што има огромни заслуги во походот на Баерн по нова шампионска титула. Баварскиот гигант има седум бода предност во однос на Борусија Дортмунд, а Милер, Левандовски и соиграчите веќе в сабота ги очекува ново дерби, на гостински терен против Баер Леверкузен.

Се вчитува...