Томас Милер влезе во игра во 87. минута од синоќешниот дуел меѓу Баерн и Манчестер Јунајтед, доволно за да ја забележи јубилејната стота победа во рамките од Лигата на Шампионите. За германскиот репрезентативец ова беше 143. натпревар во елитното европско натпреварување, а бројката од 100 победи доволно говори за квалитетите на Баерн Минхен и на Милер.
Станува збор за извонреден јубилеј ако се знае дека такво нешто му нема успеано ниту на Лео Меси, а пред Милер само двајца фудбалери успеале да ја стигнат оваа „магична граница“. Кристијано Роналдо е лидер со 115 победи во ЛШ, а само еден триумф повеќе од Милер има веќе пензионираниот Икер Касилјас.
„Сто победи… Без овие извонредни момци крај мене ништо од ова не би било возможно. Голема благодарност до сите соиграчи со кои настапував во изминатите години“, напиша Томас Милер по големиот јубилеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА