Една од најдобрите македонски одбојкарки Андротеа Милевска и официјално промовирана во редовите на романскиот суперлигаш ЧСМ Букурешт.
19-годишната Милевска која беше една од најзаслужните за освоената титула на ОК Работнички минатата сезона, а се поотворено веќе се наметнува и како носечка алка во играта на македонската репрезентација го реализираше својот прв интернационален трансфер потпишувајќи за еден од најдобрите романски клубови.
Милевски, по пристигнувањето во Романија, денеска го одигра веќе и првиот пријателски натпревар за својот нов низ подготвителната сезона. ЧСМ Букурешт триумфираше со 3-1 против екипата на Констанца, а македонската одбојкарка го одигра целиот натпревар за домашниот тим.

ЧСМ Букурешт се подготвува за настапите во ЦЕВ Купот и настапите против грчкиот Панатинаикос следниот месец.
Милевска во ЧСМ Букурешт пристигна на инсистирање на српскиот стратег Бранко Гајиќ кој го предводи тимот. Романската женска одбојкарска лига е во Топ 5 лиги во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
