Милевски: Да не се залажуваме, Македонија не е светска велесила, само тимски можеме до добри резултати

Италија ќе биде желна за одмазда против Македонија и доаѓа да врати за поразот во баражот. Благоја Милевски рече дека очекува само тимот да даде максимум на следните два натпревари, и на мечевите потоа.

Јавноста очекува повторно добар резултат имајќи ги во предвид дуелите со Италија во минатото, но Милевски вели дека треба да се спуштиме на земја.

„Не треба да се залажуваме, Македонија не е светска велесила. Македонија во минатото покажа дека бележи добри резултати само кога функционира како тим. За жал, ние не можевме да склопиме еден цел тим во минатиот период. Но, мораме да се спуштиме на земја, и да се ставиме во функција на тимот. Реалната слика е таа. На сите нас е да ја поправиме таа слика, и затоа е овој список и затоа имаме доверба во истите играчи кои направија феноменални работи во изминатиот период, откако сум јас селектор направивме одлични работи, многу побрзо од тоа што очекував, имавме и падови што е нормално кога се менува тимот и недостапни играчи“, изјави Милевски.

Се вчитува...