Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод осовен во битката против големата Англија во Скопје. Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
А, истиот не ги израдува репрезентативците што пак наиде на задоволство кај селекторот Благоја Милевски кој во соблекувалната им честиташе за квалификациите, но и за карактерот и желбата за докажување против врвните репрезетнации која треба да не води и во иднина.
„Ви честитам на се што направивте во овие квалификации. Ме радува што не се радувате на бод против можеби број 1 репрезентација во светот. Е тоа ќе не води напред, тој карактер. Останете такви какви што сте“, кратко им порача селекторот во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА