Милевски гласаше за Жоржињо, капитенот Ристовски за Левандовски

Македонскиот селектор Благоја Милевски и капитенот на националниот тим, Стефан Ристовски ги дадоа своите гласови во изборот за најдобар фудбалер на 2021, според ФИФА.

Селекторот Милевски најмногу гласови даде за италијанскиот репрезентативец Жоржињо, кој ја водеше Италија до европската круна, а гласови додели потоа за Роберт Левандовски и за Лионел Меси.

Капитенот Ристовски на прво место гласаше за Левандовски, а потоа гласови додели и за Лионел Меси, како втор, и Кристијано Роналдо, како трет.

Се вчитува...