Милевски: И покрај трите натпревари без победа, Македонија никогаш нема одиграно подобро

Македонија повторно не успеа да дојде до победа иако беше подобра и одигра 0-0 против Романија на домашен терен во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Селекторот Благоја Милевски вели дека и покрај трите нерешени, Македонија никогаш не одиграла подобар меч.

„Сочувство до сите фамилии кои имаат починати во трагедијата во Тетово денеска. Македонија нема одиграно подобар фудбал без разлика на реализацијата. Немам замерка на ниту еден фудбалер, бидјеќи момците не само што дадоа максимум туку и одиграа одличен фудбал. Има уште четири натпревари до крај. Во оваа група до последниот натпревар нема да се знае кој ќе биде втор. Мислам дека секој следен натпревар треба да ни е најважен, а за тоа како ќе завршат квалификациите до последниот меч со Исланд се надевам дека ќе останем конкурентни. Начинот на кој одигравме не треба да бидеме задоволни од тоа што освоивме само три бода. Мислам дека заслуживме најмалку уште четири бода“, изјави Милевски.

Македонија во моментов е на четвртата позиција на табелата во групата Ј со 9 бодови, два помалку од втората Ерменија и еден помалку од денешниот противник.

Се вчитува...