Милевски и репрезентативците му посакаа добредојде на Ердал Ракип (ФОТО)

Пред фудбалската репрезентација на Македонија е нов квалификациски предизвик во кој „црвено-жолтите“ силите ќе си ги одмерат со Лихтенштајн на гостински и Германија на домашен терен. Новитет во нашата репрезентација е тоа што селекторот Благоја Милевски за овие натпревари ќе може да смета на услугите на Ердал Ракип кој за прв пат ќе го облече „црвено-жолтиот“ дрес.

Во следниот период се очекува и приклучување на играчите кои вчера настапија за своите клубови во лигашките натпревари по што ќе започнат и официјалните подготовки пред патувањето за Вадуз. Првиот тренинг на репрезентацијата е денеска од 17 часот во тренинг центарот на ФФМ.

Се вчитува...